Достапни линкови

Ивановска - Јавното обвинителство сè уште работи под притисок


Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Билјана Ивановска смета дека Јавното обвинителство сè уште работи под притисок. Таа вели дека тоа се должи на две причини – првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, добиваат многу брзи одговори. Тоа, како што рече, упатува дека има различни нарачки.Таа одговараше на новинарско прашање во однос на тоа колку се задоволни од постапката на Обвинителство кога упатуваат препораки да се поведе кривична одговорност на некој. Ивановска учествуваше на обуката за улогата на укажувачите во борбата против корупцијата.

ДКСК најави дека од наредната година правосудниот систем ќе биде ставен во годишниот план за проверка и следење на имотната состојба на судиите и обвинителите. Доколку Комисијата утврди дека има несразмерно зголемување на имотот, предметите потоа ги доставува во други надлежни институции како Финансиска полиција и Финансиско разузнавање кои подлабоко ги истражуваат случаите.

„Ние и претходно отворивме предмети за пет судии, кои по нашата обработка ги дадовме понатаму и очекувам дека за некое поскоро време тие ќе бидат завршени“, рече Ивановска.

Во однос на ветингот во правосудството таа рече дека процесот треба добро да се подготви и да биде заснован на закон.

XS
SM
MD
LG