Достапни линкови

Реалноста на Мицкоски и вечноста на Ахмети


Али Ахмети реизбран за претседател на ДУИ

Читателите на социјалните мрежи прашуваат како може лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да зема плата од држава чие име не му одговара, а некои коментираат дека „како што Мицотакис го промени Договорот од Преспа, така ќе го промени и Мицкоски“. Реизборот на Али Ахмети за претседател на ДУИ исто така предизвика голем број коментари.

Редовното неделно интервју на РСЕ е со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај другото, Мицкоски одговара и на прашањето дали ако неговата партија победи на изборите ќе биде премиер на Република Северна Македонија: „Државата има ново име, реалноста не може да се игнорира, но ќе се бориме да ја промениме“, а Снежана Маџирова на ФБ како да му реплицира: „Која реалност, бре, не играј си уште со народот“. Горан Волкановски се чуди во врска со зборовите на Мицкоски дека реалноста не можела да се игнорира: „Ем не можеле да ја променат реалноста, ем ќе се бореле да ја променат!?“ Фарук Бесими го прашува зошто зема плата како професор од држава чие име не му одговара, а Трајче Николовски постирал: „Како што го промени Мицотакис Преспанскиот договор така и ти ќе го промениш. Само сакаш да седнеш на столчето“. Слободанка Камчева поставува неколку прашања: „Што ќе преземе за демократско функционирање на институциите и како ќе го направи тоа. Зошто во претходното владеење не направиле ништо?“

Мицкоски – За документите за Рекет чекаме од тактички причини
Мицкоски – За документите за Рекет чекаме од тактички причини

Во врска со ветувањето на Мицкоски на партискиот собир во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје дека неговата партија ќе вложела милијарда евра за подобра животна средина, речиси сите коментари на нашата ФБ страница потсетуваат на „милијардата на Тупурко“ и се со доза на неверување и потсмев. Дарко Стојчески постирал: „Од Тајван парите пак ќе дошле...“ Марјан Виолета Јованоски со потсетување на едни други пари и друга случка: „Ако ти испрати Грујо од 5-те милијарди во шише“. Дека граѓаните паметат докажува и постот на Албјон Боцку: „Го излажал некој Субрата Рој дека ќе инвестира милијарди во МК, хахаха...“

Реизборот на Али Ахмети за претседател на ДУИ исто така предизвикал голем број коментари. Али Мехмед со асоцијација на јужнокорејската практика: „Честито Ким Јон Ун“, а Васви Илјази со потсмев: „Тој нè шиша, ние пак му веруваме, што народ ќе беше ова, хахаха...“ Ило Миладиноски пишува: „Алија е премиер и прецедник на северна. Што ќе каже тој, така бива. Пали и гаси. Главен е. Никој ништо не му може“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG