Достапни линкови

Али Ахмети реизбран за претседател на ДУИ


Али Ахмети на четвртиот конгрес на ДУИ реизбран за претседател на партиајта.

Едногласно со акламација Али Ахмети е реизбран за претседател на ДУИ на денешниот четврти Конгрес на партијата, кој се одржа во Спортскиот центар „Кале“ во Скопје. За Ахмети гласаа повеќе од 800 делегати на партијата, но тој беше единствениот предложен кандидат за лидерската функција од сите 36 ограноци на ДУИ.

Ахмети се заблагодари на довербата која му е дадена за следните четири години да биде на чело на ДУИ и рече дека со донесувањето на Охридскиот договор од 2001 година статусот на Албанците во земјата бил променет и оти сега слободно го користат албанското знаме и јазик, дека имаат три униврзитети и оти имаат војска и полиција каде се претставени со дигнитет.

„Не очекува многу тешка задача. Не треба да застанеме на една резолуција за владење на правото и ветингот, туку треба да се одработи сериозна работа за во државата да владее правото, да се спроведе добар и чист ветинг, прочистување на лицата кои ќе управуваат со законодавството“, изјави Ахмети и додаде:

„Работите кои не очекуваат во иднина не се ни толку мали. Нам ни останува да бидеме силни и стабилни во насока на полно почитување на Охридскиот договор, Преспанскиот договор како и Договорот за добрососедство. нема враќање назад“, изјави Ахмети.

XS
SM
MD
LG