Достапни линкови

Мицкоски вети милијарда евра за подобра животна средина


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на партиски собир во спортката „Јане Сандански.“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денска изјави дека идната влада предводена од неговата партија во четиригодишен мандат ќе реализира капитални инвестиции од повеќе од две милијарди евра, но и дека ќе испорача проекти во вредност од повеќе од четири милијарди евра преку странски и домашни инвестиции. Тој исто така рече дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи една милијарда евра за заштита на животната средина.

Мицкоски денеска учествуваше на партиски собир насловен „Обновата доаѓа“ во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.

„Јас тоа го ветувам и се обврзувам на реализирани осмислени и испорачани проекти за економија со брз раст“, изјави Мицкоски.

Во врска со проблемот со загадениот воздух во земјата, лидерот на опозицијата изјави дека „не може да вети“ дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух „тоа е невозможно“, рече Мицкоски, но посочи дека може да вети најмалку 50 проценти почист амбиентален воздух за македонските граѓани.

За предвремените парламентарни избори лидерите на најголемите партии неодамна се договорија да бидат од одржани на 12 април.

Мицкоски денеска гласењето на 12 април го оцени како денот „Д“, односно како денот на одоговорот и „македоснкиот референдум.“

Според него, актуелната власт за три години владеење направила штета како за 300 години.

„Уште само 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе. Тоа значи еден чекор кон целта, а конечниот крај на оваа власт, што ќе значи победа на народот, доаѓа за три ипол месеци од денес“, изјави Мицкоски.

XS
SM
MD
LG