Достапни линкови

Лавров - Санкциите на САД нема да ги сопрат руските гасоводи


Архива - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека проектите за гасоводите „Северен ток 2“ и „Турски поток“ ќе бидат стартувани и покрај санкциите на САД.

Лавров денеска беше цитиран од новинската агенција Интерфакс како вели дека Русија планира да одговори на новите мерки.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се предвидува воведување на санкции за фирмите кои поставуваат цевки за гасоводот „Северен ток 2“, со кој треба двојно да се зголеми капацитетот на гас по должината на гасоводната линија „Северен ток“ кон Германија.

Повеќе други санкции кон Русија за нејзиното наводно мешање во демократските процеси во странски земји, како и за нејзините „малигни“ акции во Сирија и за агресијата во Украина – познати како „законот за санкции од пеколот“, беа одобрени од Сенатот на САД, но за нив допрва треба да се гласа во Конгресот.

Во другите забелешки Лавров рече дека Русија е подготвена да ги вклучи тешката ракета „Сармат“ и хиперсоничната ракета „Авангард“ доколку се прошири новиот договор за оружје со САД.

XS
SM
MD
LG