Достапни линкови

Фејсбук отстрани профили поврзани со грузиска владејачка партија


Лого на социјалната мрежа Фејсбук.

Фејсбук соопшти дека отстранила мрежа од профили на социјалниот медиум поврзани со грузиската партија „Грузиски сон – демократска Грузија“ која ги промовираше нејзините политики и ја критикуваше опозицијата.

Компанијата со седиште во САД соопшти дека избришани се 39 профили на Фејсбук, 344 страници, 13 групи и 22 профили на Инстаграм со потекло од Грузија. Фејсбук наведе дека страниците биле поставени како новински организации – како „FastNews.ge“ и „Mypress.ge“ и лажно претставувале политички партии, политичкит личности и активистички групи.

Страниците и профилите објавувале содржини за домашни прашања, вклучително избори, владини политики, критики кон опозицијата и локални активистички организации“, се вели во соопштението на Фејсбук.

Од компанијата велат дека околу 442.300 профили следеле најмалку една сд страниците, додека околу 52.000 се приклучиле во една од групите. Фејсбук не даде информации колку долго профилите биле активни.

Фејсбук соопшти дека поединците кои стојат зад мрежата на профили се обиделе да се сокријат себеси и нивната координација.

XS
SM
MD
LG