Достапни линкови

Времето денеска - врнежливо и ветровито


Архива - Улица Македонија за време на дожд.

Променливо облачно ќе биде врмето во земјава денеска, попладне со врнежи од дожд претежно во западните делови, а ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места до 70 километри на час, според прогнзата на Управата за хидрометеролошки работи. Утринската температура ќе се движи од три до осум степени, а дневната од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне пет степени, а дневната температура до 11 степени.

XS
SM
MD
LG