Достапни линкови

Заев: Нема попуштање со уривање на дивоградбите во Охридскиот регион


Архивска фотографија од изјава на премиерот Зоран Заев во Охрид.

Тече рокот за самоиницијативното уривање на дивоградбите што беше даден како можност, следен чекор е нивно остранување и тука нема попуштање, изјави денеска премиерот Зоран Заев при неговата работна посета на Охрид. Тој истакна дека со санацијата на Колекторскиот систем, која сега стартува ќе се трајно ќе се реши системски проблем, и дека дополнително ќе се продолжи со чистење на канализациска мрежа во должина од 300 километри.

„Сето што го правиме ќе биде попусто доколку не ги отстраниме дивоградбите, ако не го донесеме Планот за управување со Охридскиот регион“ изјави Заев.
Тој додаде дека договорил и средба со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца токму заради односното прашање околу зачувување на статусот во УНЕСКО. Што се однесува на списокот дивоградби во Струга, премиерот Заев појасни дека државата го има и тоа преку редовните годишни извештаи на Министерството за транспорт и врски, како заради увид така и заради второстепени постапки.

„Новиот закон за бесправно изградени објекти јасно кажува дека дивоградбите во строго заштитениот појас никогаш нема да бидат легализирани. Дали се куќи, згради, деловен простор, бетонска база, плажа треба да бидат отстранети. Доколку не ги остранат сами, ќе ги отстрани општината, доколку не општината, ќе ги отстрани државата“ изјави Заев.

XS
SM
MD
LG