Достапни линкови

Државјани на БиХ вратени во Сараево од Сирија


Сараево- полиција на Меѓународниот аеродром при пристигнувањето на државјаните на БиХ од Сирија

Државјани на Босна и Херцеговина кои престојувале во кампови и во затвори во Сирија во делот од земјата кој е под контрола на курдските сили и меѓународната коалиција вечерва беа депортирани во БиХ. Авионот со шест жени, 12 деца и седум мажи доцна попладнево слета во Сараево.

На слетувањето ги пречекаа службеници од државната агенција за истраги и заштита, федералната полиција, полицајци од кантонот Сараево, граничната полиција и социјални и медицински служби.

Според претходните информации претседателството на Босна и Херцеговина во почетокот на декември донесе одлука за прифаќање на овие нивни државјани.

XS
SM
MD
LG