Достапни линкови

Маричиќ и Забрчанец именувани за национални координатори


Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев и координаторот Бојан Маричиќ и вицепремиерот Бујар Османи на владина седница

Владата го именуваше Бојан Маричиќ за национален координатор за интеграција во Европската Унија, Берлински процес и регионална соработка, а Марјан Забрчанец е именуван за национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата.

Од владата наведуваат дека Маричиќ и Забрчанец се именувани за национални координатори со цел за време на техничката влада да се обезбеди контиунитет во започнатите процеси во сферата на европските интеграции и регионалната соработка, како и во сферата на професионализацијата на владините јавни комуникации согласно владината комуникациска стратегија.

Техничката влада, според Законот за влада изменет по Пржинскиот договор, треба да почне со работа на трети јануари 2020 година и да ги организира изборите кои се договорени за 12 април. Покрај нов технички премиер по предлог на СДСМ во владата ќе има и двајца министри- за внатрешни работи и за труд и социјала по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија ќе добие и свои заменици министри во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство.

XS
SM
MD
LG