Достапни линкови

Уставен го одложи оценувањето на дополнувањата на Законот за помилување


Уставен суд

Уставниот суд на денешната седница ја одложи постапката за оценување на уставноста на членот 11-а од Законот за помилување. Овој член беше додаден откако претходниот претседател Ѓорге Иванов помилува 56 функционери пред три и пол години. По бурните реакции во јавноста беа направени измени во Законот за помилување, со кои претседателот може да го укине помилувањето.

Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката. Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, да ја поништи донесената одлука.
Меѓу помилуваните беа Никола Груевски, Мартин Протеѓер, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски, азилантите во Грција а поранешни разузнавачи Никола Бошкоски и Горан Грујевски, актуелниот премиер Зоран Заев, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, специјалните обвинители Гаврил Бубевски. Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова и други.

XS
SM
MD
LG