Достапни линкови

ЕУ повика Русија да го укине законот за „странски агенти“


Европскиот парламент ги повика руските власти да го укинат контроверзниот закон за „странски агенти“ и да престанат со создавање на непријателска атмосфера кон граѓанското општество.

Законот за „странски агенти“ и прекумерните казни и решенија против медиумите, организациите за човекови права и граѓанското општество се намерно насочени кон тоа тие нивните ресурси да ги трошат на казни, а со тоа и да им се ограничи слободата на изразување, стои во необврзувачка резолуција која денеска ја усвоија европратениците.

Русија неодамна го одобри законот со кој на властите им се дава можност да ги регулираат новинарите кои работат за странски медиуми како странски агенти.

Во своето годишно обраќање пред новинарите рускиот претседател Владимир Путин ги бранеше измените на законот за „странски агенти“.

XS
SM
MD
LG