Достапни линкови

Џафери – Нема јавна дискусија за закон по скратена постапка


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека не може да има јавна дискусија за измените на Изборниот законик во скратена постапка, бидејќи тоа не е предвидено со Деловникот за работа на Собранието. Собранието веќе изгласа потреба измените да се носат по скратена постапка. Доколку во предлогот за носење на законот имало барање за јавна дискусија и Парламентот гласал за тоа, тогаш би можело да има јавна дискусија, рече денеска Џафери.

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски вчера најави дека на 25 овој месец ќе организира јавна расправа за измените на Изборниот законик, по што, како што рече очекува да бидат повлечени околу шесте илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесе на предлогот.

Претседателот на Собранието појаснува дека јавна дискусија треба да има по првото читање, а во скратена постапка првото читање е одлучување за потребата на законот. Тој прашува каков е ефектот на носење закони по скратена постапка, ако дискусијата трае со месеци.

XS
SM
MD
LG