Достапни линкови

Казни по 2000 евра за тројца адвокати во случајот „ТНТ“


Архивска фотографија - Екс-министерот Миле Јанакиески и екс-градоначалникот Тони Трајковски на судење за ТНТ

Тројца адвокати вклучени во случајот ТНТ се казнети со по две илјади евра казна заради одолговлекување на постапката на денешното рочиште. Казни добија адвокатите Боро Тасевски, Мерџан Даути и Дончо Наков. Тие добија казни за навредување на Судот и одолговлекување на постапката на денешното рочиште за судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски, познат како случај „ТНТ”.

Адвокатите Даути и Наков не беа присутни на денешното рочиште, поради обврски на други судења, а адвокатот Тасевски, поради откажано полномошно.

Неприсуството на адвокатите, Судот го оцени како грубо навредување и одолговлекување на постапката и рече дека обвинетите ќе добијат бранители по службена должност.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG