Достапни линкови

Тачи нема да присуствува на состанокот за „мини-Шенген“ во Тирана


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја одбил поканата од албанскиот премиер Еди Рама за учество на состанокот што деновиве ќе се одржи во Тирана, во рамките на инцијативата за создавањето на таканаречениот „мини-Шенген“ односно, на зона за слободно движење на капитал и луѓе меѓу земјите од регионот. На состанокот е најавено учество на македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи преку својата страница на Фејсбук порачал дека се додека Србија продолжува да ги негира злосторствата врз косовските граѓани и не го признава Косово како држава, „иницијативите за регионална соработка се сосема бесмислени“. За иницијативата за создавање регионален „мини-Шенген“, косовскиот претседател вели дека е „експериментална“ и е „резултат на неспособноста на Европската унија (ЕУ) да ги отвори вратите за зачленување на Западен Балкан“.

„Србија и Босна и Херцеговина не ја признаваат косовската држава. Тоа подразбира дека не сакаат добрососедски односи и соработка со Косово. Затоа, се додека нема меѓусебно признавање со тие држави, не може да има напредок ниту од аспект на регионалната соработка. На крајот на краиштата, Косово се стреми кон зачленување во НАТО и ЕУ, а не да стане дел од експериментални регионални иницијативи, кои се резултат на неспособноста на ЕУ да ги отвори вратите за зачленување на Западен Балкан“, напиша Тачи на својот фејсбук профил.

XS
SM
MD
LG