Достапни линкови

Обвинение за „Рекет 2“ во јануари


Архивска фотографија- обвинителката Вилма Русковска

Обвинителката Вилма Русковска денеска рече дека се надева оти во почетокот на јануари ќе има обвинение за случајот познат во јавноста како „Рекет 2“. Таа ова го изјави одговорајќи на новинарско прашање додека траеше акцијата на администрацијата заедно со иницијативата „Не биди ѓубре“ за чистење на Скопје.

Во овој случај покрај Бојан Јовановски, кој е првосомничен и во случајот „Рекет“ осомничени се и неговиот татко Миле Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски која беше почесна претседателка на сојузот и други лица. Ременски, која се товари за помагање во делото измама, вчера вршеше увид во доказите во обвинителството, но не застана да даде изјава пред новинарите.

Обвинителството на 9-ти октомври отвори истрага за измамите кои ги направил Сојузот со изградба на центри за возрасни лица, за кои се барале пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

XS
SM
MD
LG