Достапни линкови

Заев ќе се консултира со СДСМ и со малите партии, па ќе донесе одлука за ДУИ


Архивска фотографија- македонскиот премиер Зоран Заев

По внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии ќе се одлучува за активностите на ДУИ, односно за поднесувањето на пет-шест илјадите амандамани за Изборниот законик, истакна премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев кој рече и она што ВМРО-ДПМНЕ испратило амандмани е силен сигнал за блокирање на процесот.

„Ќе ги видиме сите анализи. Со партнерите ќе разговарам и сакаме да ги видиме ваквите објаснувања. Но, како што реков вчера, навистина пораката е многу нелогична, партнерите во најмала рака зборуваат. Ние зборувавме со нашите аргументи зошто е подобро една изборна единица. Се одржаа состаноци, се носеа одлуки од страна на политичките партии и не смееме да не го слушаме гласот на помалите политички партии. На крајот имаме изнасилена демократија. Демократијата се базира навистина на мнозинството и аргументите да ги ставиме на маса. Имаше одредени идеи сега да донесеме па да важат 2024. Јас се залагам да важи веднаш и мислам дека тоа можеме“, истакна лидерот на СДСМ.

Деновите до Собранието стигнаа шест илјади амандмани за двата предлог-закони на Изборниот законик кои предвидуваат измени на постојното законско решение за изборите. Првиот предлог-закон предвидува намалување на изборните единици од шест на една, а вториот предлог-закон се однесува на локалните избори и воведување отворени листи за советници.

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик, затоа што смета дека процесот на еднонасочно, еднострано менување на правилата на игра пред да започнат изборните процеси е опасен преседан.

Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 600 амандмани и велат дека секој Изборен законик треба да се донесе со што поширок партиски консензус и што подалеку од изборниот момент.

XS
SM
MD
LG