Достапни линкови

Протести во Лондон против победата на Џонсон


Резултаите од изборите прикажани на зграда во Лондон

Неколку стотина граѓани на Лондон маршираа низ центарот на градот во знак на протест против резултатите на изборите во Британија на кои победи партијата на премиерот Борис Џонсон. Тие извикуваа „Борис Џонсон: Не мојот премиер“ и „Борис, Борис, Борис: Надвор, надвор, надвор“.

Конзервативците на Џонсон остварија убедлива победа на изборите. Џонсон денеска изрази надеж дека со победата на неговата партија на изборите ќе се затвори дебатата околу Брегзит и со тоа ќе се овозможи заздравување на земјата. Тој порача дека народот ќе се обедини и најави дека ќе изгради еднакво партнерство со ЕУ.

XS
SM
MD
LG