Достапни линкови

За ВМРО-ДПМНЕ менувањето на изборниот модел пред избори е преседан


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан и надвор од сите правни пракси.

„Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР, ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.Дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните“, соопштуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат и дека нема да ги повлечат поднесените 600 амандмани.

XS
SM
MD
LG