Достапни линкови

Комисијата за законодавство препорача импичмент за Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп

Законодавно-правната комисија на американскиот Претставнички дом препорача импичмент за претседателот Доналд Трамп за злоупотреба на службената должност и за попречување на истрагата на Конгресот за неговите наводни обиди да ги принуди украинските власти да отворат истрага за поранешниот потпретседател Џо Бајден.

За импичмент гласаа 23 демократи, а против 17 републиканци. Трамп кој ги негира обвиненијата на Твитер напиша „Сите наши претседатели би биле отповикувани под овој Нечесен дом на демократското лидерство“.



XS
SM
MD
LG