Достапни линкови

Заев - СДСМ ќе размислува за коалицијата со ДУИ


Архивска фотографија - Али Ахмети, лидер на ДУИ и премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека тоа што нивниот коалиционен партнер во Владата, ДУИ, поднесе 5000 амандмани за измените на Изборниот законик е сериозна причина за размислување. Заев вели дека партијата што ја предводи тој, СДСМ, ќе го отвори ова прашање. Тој вели дека се отвора прашањето за тоа колку е владината коалиција одржлива или не.

„Сега 5000 амандмани е навистина лоша порака, кој и да е „ту мач“, сета оваа дискусија што се случува, мене ми е јасно дека е предизборна кампања и дека секоја партија се поставува, но сериозните пораки кои се испраќаат кон нас, ни сме должни да ги разгледаме“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Тој упати и критики и до ВМРО-ДПМНЕ што поднеле илјадници амандмани на законите за Академијата на судии и јавни обвинители, за јавнообвинителската служба и за измена на Изборниот законик, кои се во собраниска процедура, велејќи дека испраќаат нечесна и недржавничка порака.

XS
SM
MD
LG