Достапни линкови

Сојуз за Србија ги блокира влезовите на РТС


Активисти на опозициски партии во Србија, кои го чинат Сојузот за Србија, денеска ги блокираат влезовите на Радио - телевизија Србија (РТС).

Лидерите на Сојузот на протестот носат транспарент на кој пишува:

„ЕУ бирај – Вучиќ или демократија“.

Блокадата започна напладне, а како што е најавено ќе трае до 20 часот.

Претставниците на Сојузот за Србија бараат РТС да ја преземе својата улога и да ја известува јавноста за сè што е битно, оти како што велат јавниот сервис осум години ја блокира вистината. Тие велат дека немаат намера да влезат во РТС, нити бараат денеска да им се овозможи гостување, а не бараат ниту кадровски промени во јавниот сервис.

Блокадата подразбира дека никој не може да влезе во зградата на јавниот сервис, но тие што сакаат можат да излезат.

Полицијата соопшти дека денешниот собир не бил уредно, ниту навремено пријавен.

XS
SM
MD
LG