Достапни линкови

Законот за канабис да се донесе пред избори бараат производителите


Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска упати апел до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Од Здружението побараа законот, што е доставен до Собранието, да се донесе пред распишување на изборите, односно да добие статус на закон кој се носи по скратена постапка за да може да биде изгласан на наредната седница.

Претседател на Здружението „Макканабис“, Костадин Дуковски, на прес-конференција рече дека како некој намерно да не сака да се донесе законот, а со тоа сите компании кои имаат инвестирано милионски суми во овој бизнис губат и дека е можно целосно тој бизнис да пропадне.

XS
SM
MD
LG