Достапни линкови

Експлозија на бомба во Авганистан, 10 загинати


Архивска фотографија од екплозија на бомба псотавена покрај пат во Авганистан.

Десет луѓе, меѓу кои четири жени и едно дете, загинаа во експлозија на бомба поставена на пат во источен Авганистан, соопштија денеска властите. Тоа се случило во проблематичната област Џахати во провинција Газни.

Провинциските власти велат дека сите загинати се цивили. Во нападот уште шест луѓе се повредени, додаваат тие.

Властите велат дека цел на нападот биле авганистанските безбедносни сили, оти на 300 метри од експлозијата има воена база.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но властите ги обвинуваат талибанците.

Претходно неделава талибанците ја нападнаа најголемата американска воена база Баграм.

XS
SM
MD
LG