Достапни линкови

Лидерите му честитаат на Џонсон за изборната победа


Британскиот премиер Борис Џонсон.

Лидерите на ЕУ ја поздравија изборната победа на британскиот премиер Борис Џонсон. Тие очекуваат брз излез на Британија од Унијата и продолжување на разговорите за договор за слободна трговија, дури и тие да бидат тешки.

Новиот претседател на Европскиот совет, Чарлс Мишел, рече дека ЕУ се надева дека британскиот парламент брзо ќе гласа за Брегзит и очекува јасни планови од Лондон.

Германската канцеларка Ангела Меркел му понуди на Џонсон блиска соработка и пријателство.

„Честитки Борис Џонсон за оваа јасна победа на изборите. Со нетрпение ја очекувам нашата понатамошна соработка која ќе води кон пријателството и блиско партнерство меѓу нашите земји“, напиша портпаролот на Меркел на Твитер.

И претседателот на САД, Доналд Трамп му честиташе на Џонсон преку Твитер. Тој му честита на Џонсон за голема победа.

„Велика Британија и Соединетите Држави сега ќе бидат слободни да постигнат нов трговски договор по Брегзит“, напиша Трамп на Твитер.

Руските власти соопштија дека секогаш се надеваат дека на изборите ќе победат оние кои сакаат „добри односи“ со Русија, но дека не се сигурни дека тоа ќе биде случај со конзервативците во Велика Британија.

„Не знам во колкава мерка ваквите очекувања се соодветни во случајот со конзервативците“, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

XS
SM
MD
LG