Достапни линкови

Ременски во Обвинителство врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“


Фросина Ременски

Пратеничката на СДСМ и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски врши увид во доказниот материјал во врска со случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“. Таа беше почесна претседателка на невладината организација, а нејзин претседател беше Бојан Јовановски, кој сега е обвинет и за случајот „Рекет“.

Обвинителството на 9-ти октомври отвори истрага за измамите кои ги направил Сојузот со изградба на центри за возрасни лица, за кои се барале пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други. Ременски увидот во врши во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. Во случајот „Меѓународен сојуз“, опфатени се пет физички лица, меѓу нив Боки 13 и неговиот татко и едно правно лице. Ременски се товари за помагање во делото измама.

XS
SM
MD
LG