Достапни линкови

Поранешниот киргистански претседател Атамбаев обвинет за убиство на полицаец


Поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев

Поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев е обвинет за убиство на полицаец, коe се случи во август за време на дводневниот судир меѓу безбедносните сили и приврзаниците на поранешниот лидер.

Атамбаев е официјално известен дека е обвинет за убиство на полковникот Усенбек Нијазбеков, татко на шест деца, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Полицаецот е убиен за време на рацијата во комплексот каде живее Атамбаев во село кај Бишкек на 7 август. Испитувањата покажале дека тој е убиен од оружје регистирано на името на Атамбаев.

Самиот Атамбаев пред новинарите на 8 август изјави дека единствено тој имал оружје и дека единствено тој пукал за време на судирите меѓу полицијата и неговите приврзаници.

Полицијата беше испратена во неговиот дом откако тој не испочитува наредби да се јави во Министерството за внатрешни работи за да го испрашуваат во врска со некој случај.

Атамбаев беше уапсен на 8 август, откако се предаде на полицијата по дводневниот отпор.

XS
SM
MD
LG