Достапни линкови

ОЈО ги истражува новите снимки на Јутјуб за торбата за Боки 13


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека по првичното објавување на аудио снимки на „Јутуб“ објавени на каналот „U6e Big“, отвори предмет по допрен глас.

„Предметот е земен во работа и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена е наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика да преземат дејствија и мерки и барањето за прибирање на потребни известувања да го достават до „Јутуб“, соопшти ЈОРМ.

Н​ови кратки 11 аудио снимки се појавија на социјалната мрежа Јутјуб, во кои еден од гласовите потсетува на гласот на бизнисменот Орце Камчев, во разговор со непознат соговорник, во кој вели дека „не смее да зборува каде се парите“, но потенцира дека има џи-пи-ес во рачката од торбата која заврши во рацете на Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“. На прашање на соговорникот бизнисменот одговара дека куферот со парите не е кај Заев. Камчев е осомничен во случајот „Империја“, а сведок во случајот „Рекет“.

Според ЈОРМ, во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките.

„Со постапката треба да се утврди кој снимал, дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува“, соопшти ЈОРМ.

XS
SM
MD
LG