Достапни линкови

Габер не очекува застој во работата на Комисијата со Грција


Виктор Габер

Не се очекува застој поради предвремените избори во работата на заедничката македонско-грчка Комисија за историски, археолошки и образовни прашања, формирана согласно обврските од Договорот од Преспа, изјави денеска амбасадорот Виктор Габер, кој е копретседател на македонскиот дел на Комисијата.

Тој вели дека одржуваат постојани состаноци и се во очекување да се формира грчкиот дел од Комисијата, поради најавата дека ќе има промени во нивниот состав. Сепак контактите, вели тој, не се официјални и не можат да доведат до одредени заклучоци што треба да се трансформираат во препораки до владите.

Шефот на македонската делегација во Меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитните знаци, Ѓорѓи Филипов, вчера изјави дека вториот состанок на оваа група ќе се одржи до крајот на годината во Атина. Тој ги повика деловните заедници активно да се вклучат во овие дискусии бидејќи до нив е да ги решат трговските марки согласно Договорот од Преспа.

XS
SM
MD
LG