Достапни линкови

Владата побара побрза реализација на препораките на УНЕСКО


Охридско Езеро.

Владата денеска ги задолжи сите релевантни државни институции најдоцна до петок да достават информации за степенот на реализација на препораките на УНЕСКО, со цел Охридскиот регион да го зачува статусот на светско и културно наследство, соопшти владината прес-служба.

„Во заклучоците на Владата по ова прашање еи препораката до општините Дебарца, Охрид и Струга да се интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО и да ги примат претставниците на УНЕСКО во склоп на Реактивната мисија за 2020 година“, се вели во соопштението.

Во соопштението исто така се вели дека Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, што ја има предложено Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година.

XS
SM
MD
LG