Достапни линкови

Демократите ги објавија обвиненијата против Трамп


Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, денеска објавија две обвиненија за импичмент против претседателот Доналд Трамп. Го обвинуваат Трамп за злоупотреба на службената должност и за опструирање на Конгресот.

Џеролд Надлер, претседателот на Комитетот за правосудство, денеска рече дека Трамп се ставил себе си над законот.

Процесот за импичмент на Трамп беше покренат по објавувањето на информациите дека Трамп вршел притисок на украинските власти да отворат истрага против политички ривал на Трамп.

Претходно денеска Трамп на Твитер објави дека не направил ништо погрешно. Тој ја отфрла постапката за импичмент, која ја нарече „лудило“.

За обвиненијата, доколку бидат одобрени од Претставничкиот дом, ќе се гласа следната недела.

XS
SM
MD
LG