Достапни линкови

Финска доби премиерка, најмлад шеф на влада во светот


Сана Марин

Триесет и четиригодишната Сана Марин положи заклетва во финскиот Парламент, со што стана најмладиот премиер во светот. Пред да стане премиерка таа претходно беше министерка за транспорт, беше и пратеничка и заменик премиер.

Марин работеше и како претседател на градскиот совет во родниот град Тампере. Таа функција ја презеде во 2012 година на 27-годишна возраст.

Марин доаѓа на премиерското место, откако досегашниот премиер Анти Рине се повлече минатата недела, откако ја изгуби довербата од член на владејачката коалиција.

Марин ќе ја предводи централно-левичарската коалиција, составена од нејзината социјалдемократска партија и уште четири други партии, сите предводени од жени.

Вториот најмлад премиер во светот е 35-годишниот премиер на Украина, Олексиј Хончарук.

XS
SM
MD
LG