Достапни линкови

Сведок во „Еразмус“ - Професор барал секс со студентка или илјада евра за оценка


На денешното сведочење за случајот „Еразмус“, кој се однесува на барање поткуп од студенти на економскиот факултет, сведокот Дејан Трајковиќ рече дека професорот Бобек Шуклев барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.

Трајковиќ, кој од 2012 од 2018 година бил вработен во бифето на Економскиот факултет, посочи дека две студентки, го прашале дали може да им „среди“ за оценка. Сведокот го прашал Шуклев, а тој му рекол да и каже на студентката дека сака да има сексуални односи со неа или таа да плати 1.000 евра. Трајковиќ и пренел и таа одбила да има секс со професорот, но рекла дека ќе плати.

Трајковиќ вели дека демонстраторот Драган Денковски му кажал дека може да заврши работа за студенти да добијат оценка кај повеќе професори, меѓу кои Драги Јанев, Славе Ристески, Шуклев и други. Денковски му ги кажал тарифите за плаќање за оценка кај професорите. Сумите се движеле од 500 до 1000 евра.

Следното рочиште за случајот „Еразмус“ е закажано за 23 декември.

Основен суд Скопје 1 на обвинетите им издаде забрана да држат предавања и други работни активности поврзани со кривичното дело за кое се товарат.

XS
SM
MD
LG