Достапни линкови

Во пукање во болница во Чешка убиени шест луѓе


Болницата во Острва во која имало пукање.

Шест луѓе се убиени кога напаѓач почнал да пука во болница во чешкиот град Острава, соопштија полициските власти. Осомничениот сè уште е во бегство.

Чешката полиција соопшти дека рано утрово имало пукање во универзитетската болница во Острава, град кој се наоѓа на 350 километри источно од Прага.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш за државната телевизија рече дека тоа што се случило е трагично.

„Јас навистина немам многу информации. Знам дека четири лица беа застрелани на лице место, а двајцата кои беа во критична состојба, за жал починаа“, додаде тој.

Директорот на болницата соопшти дека пукањето се случило на Клиниката за траума, по што е активиран кризен план, областа е затворена, а вработените во болницата се ограничени на нивните одделенија. Полицијата трага по убиецот, а зајакната е и безбедноста во целата земја.

XS
SM
MD
LG