Достапни линкови

Пожарот во Нотр Дам најтвитуван настан на годината


Пожарот во катедралата Нотр Дам

Пожарот во катедралата Нотр Дам што се случи во април годинава е вест со најмногу коментари на Твитер во 2019 година, соопшти оваа социјална мрежа, прецизирајќи дека хаштагот Нотрдам изби на првото место на најкористени во светот кога станува збор за вестите, но не изнесе конкретни бројки. Второто и третото место го зазедоа Реива, односно ерата на новиот јапонски цар и протестите во Венецуела. Во пожарот во Нотр Дам на 15 април изгоре дел од дрвената конструкција.

XS
SM
MD
LG