Достапни линкови

Венецијанската комисија ги разгоре поделбите за двојазичноста


Тројазична патоказна табла ( на македонски, англиски и албански) во центарот на Скопје.

Забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици и изјавите на политичарите за законот предизвикале многу коментари на ФБ страницата на РСЕ. Има негативни коментари од противниците на двојазичноста, до такви кои велат дека треба да се стави крај на поделбите.

Што може да значи изјавата на премиерот Зоран Заев дека „нема да дозволиме да бидеме наивни да отвораме повторно некои работи кои би можеле да нè поделат“, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на вицепремиерот Бујар Османи околу забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици. И по ова, бран негативни реакции на ФБ страница на Радио Слободна Европа од противниците на двојазичноста во земјава, остри префрлања меѓу Македонци и македонски Албанци, навреди...

Алекс Упески смета дека премиерот Заев „сè набрзина изманипулира“, Шерко Сејдиноски вели: „Да се дели оваа бедна држава е спас за народов“, а Драги Ѓорѓиевски му порачува: „Шерко, оди си ако не ти чини“. АнитаАличи Трајковска со крупни букви напишала: „Не за двојазичност во Македонија“, но Блерим Селмани ѝ одговорил: „Веќе е двојазичност“, на што Кире Грујоски реплицира: „Веќе нема да биде, хахаха“. Трајче Трајанов со сосема спротивно мислење: „Крај на поделбите... доста беше од екс власта што го етикетираше народот на патриоти и предавници... што сами се потврдија како предавници... бегалецот“.

И изјавата на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, дека „сериозно ќе го анализираме мислењето на Венецијанската комисија според она што имавме прилика директно да го прочитаме, а не да го видиме толкувано од страна на некој... за некои прашања имаат дилеми“, наишла на негативни коментари од посетителите на ФБ на РСЕ.

Владимир Перковски ѝ порачува: „И треба да анализирате, големата глупост да ја исправите... кој ќе го плати сето ова и колку“, а Митко Стојанов препорачува „Анализирајте се прво самите кого претставувате и која држава, па ги кажувате овие небулози“. Зоран Ангелов „аналитички“: „Буквално се руши оската на која се држи балансот на македонско-албанските односи. Читај одностите помеѓу ДУИ и СДСМ“.

Од огромниот број коментари во врска со изјавата на вицепремиерот Османи дека „Венецијанската комисија не е супермаркет...“ не цитираме ниту еден затоа што не соодветствуваат со професионалните стандарди на РСЕ.

Неделното интервју е со претседателот на ДИК, Оливер Дерковски кој покрај другото вели дека Избирачкиот список е чист во проценти колку што дозволува ситуацијата и дека гласачите од Пустец сè уште се во Избирачкиот список. За Гоце Николовски ова било перење мозок и манипулирање со граѓаните, „зошто не каже дека има и косовски државјани кои гласаат во двете држави, исто како и македонски граѓани со бугарски пасоши коишто имаат право да гласаат во Бугарија... Ако тие лица од Пустец имаат македонско државјанство, зошто да немаат право да гласаат?“ А Бобан Ончески му порачува: „Биди сигурен да нема бугарски возови, грчки гасовод или венецијанска...“

Деркоски – Изборите ќе чинат над 8 милиони евра
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:46 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG