Достапни линкови

Нови аудио снимки за случајот Рекет на Јутјуб


На јутуб синоќа беа објавени делови од аудио снимки, за кои дел од домашните медиуми тврдат дека на нив се слуша гласот на бизнисменот Орце Камчев.

Тој е обвинет за перење пари во случајот Империја на СЈО, и сведок во случајот Рекет, во кој наводно му биле изнудувани пари за олеснување на условите за притвор.

На снимките се слуша како еден од соговорниците за кои медиумите тврдат дека е осомничениот бизнисмен наводно бара „да се договори“ преку блиски до власта за да не „бомбардира“ со аудио снимки од Бугарија како Ким Јонг.

Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска која го води случајот Рекет за дел од медиумите изјави дека аудио снимките кои пред помалку од 12 часа беа објавени на Јутуб не се дел од доказите кои странките во постапката им ги доставиле.

„Првпат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска за Локално и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб.

Во случајот Рекет обвинета е поранешната обвинителка Катица Јанева за примање поткуп и злоупотреба на службена должност, а менаџерот на 1Т Бојан Јовановски - Боли 13 за перење на пари и противзаконото влијание.

Објавените пет снимки се кратки, траат по десетина секунди.

XS
SM
MD
LG