Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во кавга кој ја враќа аболицијата


Архивска фотографија- Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски попладнево на прес конференција во Собранието ја обвини владата дека седум дена ја замајува јавноста со измислена тема за враќањето на аболицијата. Целта на тоа, според него, била да се покријат владините неуспеси во економијата, во корупцијата, во правосудството, во животната средина, во здравството, а граѓаните да се занимаваат за нешто што било или не било пред три, пет или 25 години.

Оваа прес конференција следуваше по седницата на Законодавно – правна комисија која заклучи дека нема потреба од давање автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година.

На прашањето зошто ја поддржалеако не се согласуваат со предлог-одлуката на Комисијата Милошоскирече дека не сакале со ниту еден потег да дадат каков било изговор на Заев.

Темата со помилувањата кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги даде за 56 лица пред 3,5 години се отвори откако Уставниот суд минатата недела одлучи да јастави на дневен ред иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување. Денеска пак уставните судии одлучија да го почекаат автентичното толкување од Собранието.

На прес конференцијата на Милошоски реагираа од СДСМ преку соопштение.

„Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов. Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ги спасат криминалците од своите редови. Се докажа уште еднаш дека зад иницијативата пред Уставниот суд, како и зад целата незаконска аболиција на Иванов стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ“, наведуваа од СДСМ.

XS
SM
MD
LG