Достапни линкови

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ барањето за Протоколот за НАТО да го прати до Владата


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Владата, а не Собранието е надлежна за постапување по иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, изјави попладнево претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Тој потврди дека денеска група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до него доставиле барање за иницирање, односно за препраќање до Владата на иницијатива за доставување Предлог-закон за ратификација на договорот за НАТО.

Џафери вели дека Собранието ги нема надлежностите на кои се повикуваат пратениците и предлага актот да се препрати до надлежниот орган на кој што се однесува проблематиката, во конкретниов случај до Владата.

Претходно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ,поднесе иницијатива за предвремена ратификација на протоколот за НАТО.

XS
SM
MD
LG