Достапни линкови

Јовановски и Јанева не се чувствуваат виновни, а Милески призна вина


Бојан Јовановски - Боки 13 и Катица Јанева во судница на судење за Рекет

Првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и второобвинетата Катица Јанева не се чувствуваат виновни за делата за кои ги товарат. Тие на првото рочиште за случајот рекоа дека не се виновни. За разлика од нив третообвинетиот Зоран Милески – Кичеец го призна делото. Вели дека доброволно признал и дека не се консултирал со никој за да даде признание. Судот ќе ја одвои постапката за Милески.

Обвинетелката во случајот Вилма Русковска во воведниот збор рече дека ниту тие што барале пари, ниту тие што давале, не се жртви.

„Жртви од овој предмет сме сите ние граѓаните на оваа држава. Имаше еден филм, Чарлиевите ангели и Катица Јанева си влезе во тој филм, во ликот на семоќна и несоборлива“, рече таа.

За време на судењето адвокатот на Јордан Камчев, кој го пријави случајот Рекет, до Судот достави барање за отштета од еден и пол милион евра во својство на оштетен. Судијката го одби барањето затоа што Камчев во овој предмет нема својство на оштетен. Обвинителката Вилма Русковска во судницата истакна дека во овој случај каде што обвинетите се теретат за противзаконито влијание не може да има отштета, туку само сведоци.

Претходно рочиштето беше прекинато да за се утврди здравствена состојба на Боки 13. Лекарот рече дека му било лошо од стрес, по што судењето продолжи.

Откако беше прегледан, Боки 13 повторно побара помош, која му беше одбиена.

XS
SM
MD
LG