Достапни линкови

Пендаровски апелираше до уставните судии да се разбудат


Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека евентуалната одлука на Уставниот суд со која практично би се активирало помилувањето кое го даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов на осомничени за сериозен криминал би била директен удар на демократијата и правната држава. Тој апелираше до судиите кои гласаа за покренување на таа иницијатива, како што вели, да се разбудат на време и да сфатат дека во оваа земја Никола Груевски повеќе не е господар на нашите животи.

„Помилувањето кое го даде Иванов беше акт на неправда, не беше ниту правно засновано, а не беше ниту демократско. Сега вие да расправате за еден акт што ја пробуди досега единствената демократска револуција во нашата земја, во 30 години независност е невиден чин, изјави Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната конференција што ја организира „Цивил“.

Според него, правно неоснована е иницијативата за оценување на уставноста на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година.

XS
SM
MD
LG