Достапни линкови

Од домашен притвор избега и поранешниот телохранител на Мијалков


Од домашен притвор избегал и Драганчо Стоименов, поранешен телохранител на екс-шефот на УБК Сашо Мијалков.

Стоименов, познат и како Дацо Белски не бил дома при проверка на полицијата дали ја издржува мерката притвор, со што сега има статус на бегалец, велат од МВР.

Полицијата го известила Судот дека притворениот не ја почитува мерката, по што по наредба на Судот се преземаат мерки тој да се пронајде.

Поранешниот телохранител на Мијалков на почетокот на годинава учествуваше во престрелка пред кафеана во Кочани, при што рани човек. Тој неколку месеци беше во бегство, но потоа им се предаде на надлежните. По неколку месеци во Шутка, Судот му одреди мерка домашен притвор.

XS
SM
MD
LG