Достапни линкови

Заев за 27 април - Стравував за својот живот како никогаш дотогаш


Премиерот Зоран Заев на сведочење за случај поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието, рече дека како никогаш дотогаш стравувал дека ќе го загуби животот.

„Имав страв дека ќе ми заврши животот“, рече Заев.

Заев сведочеше во случајот против обвинетиот Илија Петрушевски, вработен во државна служба, во затворот во Идризово. Тој на тоа место работел и во времето на насилството во Собранието, а работи и сега.

Петрушевски е обвинет за насилство сторено во Собранието, за време на крвавиот четврток во 2017.

XS
SM
MD
LG