Достапни линкови

Поддршка од САД за „мал Шенген“


американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан

Иницијативата за „мал Шенген“ има поддршка од САД, изјави заменик-помошникот на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер. Тој вели дека тоа е иницијатива која ветува.

„Европската перспектива на Западен Балкан, која беше основа за американско ангажирање во регионот подолго од 20 години, не се сменила и нема да се смени“, изјави Палмер во Женева.

Тој повторно изрази надеж дека ЕУ ќе ја ревидира одлуката за датум на Скопје и Атина, со што, како што вели, би се испратил сигнал за регионот.

„Во меѓувреме, САД преземаат поголема улога на Западен Балкан, а ЕУ е во опасност да создаде перцепција дека се повлекува, самиот регион ја презема иницијативата. Посветеноста на Србија, Албанија и Северна Македонија да ја подобрат соработката преку иницијативата наречена „мал Шенген“ е демонстрација на тоа како лидерите преземаат одговорност за својата судбина и контрола над сопствената иднина“, истакна американскиот дипломат.

XS
SM
MD
LG