Достапни линкови

Британија ги идентификуваше жртвите од камионот, меѓу нив и 10 тинејџери


Британската полиција ги идентификуваше 39 те жртви кои беа пронајдени во камион во близина на Лондон. Полицијата го објави списокот на жртви, од нив 10 биле тинејџери, меѓу кои и две момчиња кои имале по 15 години. Станува збор за виетнамски државјани кои беа пронајдени во приколката од камионот.

Властите работат напорно за да им одговорат на семејствата на жртвите, да го зачуваат достоинството на починатите и да ги поддржуваат семејствата и нивните пријатели, велат од полицијата.

Телата беа пронајдени на 23 октомври, оттогаш британските власти со помош на виетнамската полиција работеа на нивна идентификација.

XS
SM
MD
LG