Достапни линкови

Лидерите од Западен Балкан во Женева зборуваат за европската перспектива на регионот


Премиерот Зоран Заев присуствуваше на лидерскиот состанок за Западен Балкан во организација на Светскиот економски форум.

ЕУ испрати сигнал дека за регионот нема друга алтернатива освен интеграцијата во Унијата. Процесите мора да продолжат бидејќи постои можност за развој на национализмот, популизмот и радикализмот, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев по лидерскиот состанок за Западен Балкан, што се одржува во Женева во организација на Светскиот економски форум.

Заев изрази надеж дека на Самитот во Загреб ќе има позитивна одлука и за Република Северна Македонија и за Република Албанија и за целиот регион, соопшти владината прес-служба.

На средбата бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека помирувањето, регионалната соработка и одржувањето добрососедски односи се клучните фактори за европска интеграција на Западен Балкан. Според него, за да има стабилност и економски прогрес и за да се промени имиџот на регионот во позитивна насока, старите тензии, како и говорот на омраза и ксенофобијата треба да останат во минатото.

Тој смета дека минатото може да се надмине врз основа на споделените вредности како толеранција и взаемна доверба.

Премиерот Бојко Борисов се осврна и на Република Северна Македонија и Албанија, барајќи од нив да не се откажат од нивните напори на патот кон членството во ЕУ. Според него, без обесхрабрување, тие треба да продолжат да работат со засилено темпо во насока што гарантира најголема шанса за успешен развој на целиот регион на Западен Балкан – европските интеграции.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Западен Балкан и е потребен на ЕУ, колку што ЕУ му е потребна на регионот

XS
SM
MD
LG