Достапни линкови

Сведоци за „Титаник“ - Се кршеа процедури за издавање лични документи


Судење за случајот „Титаник“

Сведоци на рочиштето за случајот „Титаник“, сведочеа денеска како на странски државјани им се издавале државјанства и лични карти во Македонија за да може да гласаат на избори, а притоа се заобиколувале законските процедури.

Сведокот, која порано работела во МВР, зборуваше за тоа како се издавале државјанства и лични карти без лично присуство на луѓето, а во нивно име тоа го правел еден претставник, со образложение дека луѓето се сиромашни и не може да дојдат да си ги подигнат лично. Сведокот рече дека за такво нешто ја известил сега обвинетиот Мунир Пепиќ, а наредба имало од највисоките кругови. Таквото групно организирано примање на барања за документи траело од април 2014 до април 2015.

Друг сведок, исто така вработена во МВР, сведочеше како се сликале жителите на Пустец за лична карта, без да ги поседуваат сите документи. Од крајот на 2012 до почетокот на 2013 биле сликани лицата без потребната документација, а наредбата за тоа, според информациите кои ги добила од нејзината претпоставена, стигнала од Кирил Тодоровски, советник на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, рече сведокот, вработена во МВР.

Случајот „Титаник“, се однесува на изборни манипулации сторени од тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG