Достапни линкови

Хјуман рајтс воч против Хрватска да влезе во Шенген зоната


На Хрватска не треба да и се дозволи влез во Шенген – зоната, поради третманот на мигрантите кои во таа земја влегуваат од соседна Босна и Херцеговина, оценува меѓународна организација за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ).

Организацијата ја критикува Европската комисија, која минатиот месец оцени дека Хрватска е подготвена да се приклучи на Шенген-зоната.

„Незаконското и насилно враќање на барателите на азил и мигрантите би требало да ја дисквалификува Хрватска за членство во Шенген-зоната, а Еврокомисијата испраќа порака дека кршењето човекови права не е пречка за придружување во просторот на патување без граници“, оценува Хјуман рајтс воч.

Официјален Загреб засега не го коментира ставот на организацијата. Хрватските власти, во повеќе наврати ги негираа обвиненијата за злоставување, упатени од страна на мигрантите и групите за човекови права.

Европската комисија во октомври оцени дека Хрватска ги исполнила неопходните критериуми за влез во Шенген-зоната и го повика Советот на ЕУ да ја вклучи Хрватска во просторот без внатрешни гранични контроли.

XS
SM
MD
LG