Достапни линкови

Се повлекуваат трупите од источна Украина


Повлекувањето на војската од селото Петривск во регионот Донбас во источна Украина ќе започне во сабота, соопшти денеска Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Украинските сили и сепаратистичките бунтовници поддржани од Русија се согласија да ги повлечат своите трупи, со што ќе се даде поттик на Самитот за крај на конфликтот. На Самитот треба да учествуваат Украина, Русија, Франција и Германија. Се уште не е одреден датумот на одржување.

Украинските сили велат дека со повлекувањето од селото Петривск Украина ги исполнила сите потребни услови од своја страна за да се одржи ваков самит.

XS
SM
MD
LG