Достапни линкови

Џафери: не може распуштен Парламент повторно да се свикува


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери отфрла можност за повторно свикување на Парламентот заради ратификацијата на Протоколот за НАТО, откако тој веќе ќе биде распуштен согласно со роковите за предвремените избори кои се закажани за 12 април. Џафери во интервју за Македонската радио-телевизија вели дека Изборниот законик предвидува 60 дена за спроведување на изборите. Според него, не може да се прави аналогија за парламентарните избори со изборот на претседател на државата, кому кога му престанува функцијата по кој било основ, Уставот пропишува 40 дена. Џафери смета дека не може да се раководи од хипотезата што ќе се случи во Шпанија, една од трите земји каде се уште не е ратификуван Протоколот за нашето членство во НАТО, а каде на 10 ноември се закажани вонредни избори.

XS
SM
MD
LG